Dark Mode Light Mode

Оградите не се доволни – да се направи Кинески ѕид кај Зелено пазарче

Пешачки премин како да е непотребна работа на централната градска улица „11 Октомври“ во делот кај Зелено пазарче. Таму многумина си поминуваат каде ќе посакаат. Од стара градска болница кон пазарчето или од пазарчето кон болницата брзо – брзо си протрчуваат луѓе, а често и си стојат на средина на улицата, чекаат да поминат возилата, како сообраќајци се… 

За да се спречи оваа загрижувачка појава која трае со години и да се зголеми сигурноста градските власти пред неколку месеци, заедно со реконструкцијата на тротоарите, подигнаа и метална ограда која требаше да ги спречи пешаците да го загрозуваат сообраќајот. Но, очигледно, од тоа малку фајде. Пешаците и натаму си поминуваат преку улицата како и порано. Тие ги користат деловите каде не е поставена оградата, посебно кај уличката за станбените згради и кај автобуското стојалиште. Излезе дека парите за оградата се залудно дадени.

Очигледно, потребно е нешто друго за да ги запре несовесните пешаци. Можеби, некакава градба во стилот на Кинески ѕид, на бетонскот ѕид каков што е подигнат меѓу САД и Мексико… па уште и да се воведе постојана полициска служба. Или, да се направи нов надвозник во градот и кој, како и другите, пак никој нема да го користи.

Реклама

Најдобро е, сепак, полицијата да е поприсутна…   

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сончево со умерена облачност, температура до 27 степени

Next Post

Дали евентуалните постапки на антикорупционерите кон Богдановиќ имаат моќ да го спречат планот кај „Холидеј ин“?

Реклама