Dark Mode Light Mode

Заев не се откажува од Законот за легализација на дивоградби

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека Владата ќе продолжи со дискусија во однос на Законот за легализација на дивоградби и притоа ќе ги земе предвид укажувањата од претседателот Стево Пендаровски, кој не го потпиша указот.

Заев тврди има подготвеност да се дополни Законот.

-Преку стручните тимови во Владата можеме и да одиме чекор понатаму во прецизирање на легализирање во национални подрачја, национални паркови, заштитени подрачја и слично, иако законите го определуваа тоа и досега. Се знае кој дава согласност, како се дава согласност и немаме легализација во националните паркови, изјави Заев.

Реклама

Тој уште еднаш го истакна социјалниот аспект на законот, односно дека ако не се легализираат овие објекти, 50 илјади семејства ќе останат без дом.

Претседателот Пендаровски одби да го потпише указот на Законот за легализација на дивоградби и го врати во Собранието со образложение дека е неуставен и спротивен на владеењето на правото, како и дека со одредени членови се предвидува скриена амнестија за сопствениците на објекти што граделе „на диво“.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

„Скопје вежба“ аеробик, јога, фитнес, бокс, зумба, атлетика...бесплатно е за сите

Next Post

Четири лица влегле во дом во Илинден, истепале тројца, завршиле во болница и полиција

Реклама