Dark Mode Light Mode

Се намалува бројот на пациенти со ковид во болниците, се затвораат ковид-центри

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно 457 пациенти позитивни и сомнителни на корона вирусот, од кои 264 во болниците низ земјава и 193 на инфективните одделенија во главниот град. Во ковид-центрите има околу 680 празни болнички кревети, информираат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, додека вкупно 193 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники немало приеми.

Реклама

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 2 примени пациенти и 10 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти. Во  ковид-центрите на интерните клиники се лекуваат 45 пациенти.

Поради намалениот број на болни, од МЗ информираат дека болниците затвориле дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Земја или вода ќе има во фонтаната на споменикот на Децата – бегалци?

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ: Корекција на законот за клинички центар и средба со опозицијата, па потоа деблокада

Реклама