Dark Mode Light Mode

Земја или вода ќе има во фонтаната на споменикот на Децата – бегалци?

Фонтаната во подножјето на спомен-обележјето за егзодусот на децата-бегалци од Граѓанската војна во Грција во паркот „Жена-борец“ не работи. Долниот дел на споменикот во кој порано жубореше водата е одамна исушен.

Дали е во прашање дефект, редовен сервис или нешто друго не е познато. Но, како и да е, фонтаната би требало што побрзо да проработи бидејќи без неа спомен-обележјето е девалвирано како место за сеќавање на трагичните настани. 

Можеби надлежните имаат и други планови. Можеби и ним, како во случај на општина Аеродром, им излегува нерентабилно да се одржува фонтаната, како во случај на онаа во близина на трговскиот центар „Бисер“, па ќе ја затрупаат со земја во која ќе се насадат цветни аранжмани. Така направи општина Аеродром.

Реклама

Но, ако тргнат така да ги „решаваат“ фонтаните низ Скопје…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Што правеа општините и инспекциите за да ги спречат илјадниците дивоградби?

Next Post

Се намалува бројот на пациенти со ковид во болниците, се затвораат ковид-центри

Реклама