Dark Mode Light Mode

„Скопје вежба“ аеробик, јога, фитнес, бокс, зумба, атлетика…бесплатно е за сите

Почнувајќи од денеска во наредните три месеци, скопјани ќе имаат можност да вежбаат и да се рекреираат на отворено секој работен ден, по 18 часот, на различни локации на јавните површини и парковите во Скопје. Ќе се вежба аеробик, фитнес, пилатес, зумба, спортска јога, атлетика и друго, информираат од Град Скопје.

Денеска од 18 часот, кај Школката во Градски парк граѓаните ќе имаат можност да вежбаат моторика, гимнастика, аеробик и бокс, во паркот зад „Три Бисери“ во Аеродром ќе има јога, во паркот во Ѓорче Петров аеробик, пилатес, моторика и голф, а фудбал ќе се игра во паркот во Чаир, како и моторика.

Предвидените активности ќе бидат спроведени заедно со тим од стручни лица од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

Реклама

Вежбањето е бесплатно и е дел од проектот „Скопје вежба“ кој го спроведува Град Скопје во соработка со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, со цел подобрување на здравјето и одржување на физичката форма.

За дневниот распоред на вежби и локации во текот на месеците мај, јуни и јули граѓаните можат да се информираат на Интернет страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk, како и преку социјалните мрежи на Град Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Бројот на заболени од вирусот опаѓа, но починале 19 пациенти

Next Post

Заев не се откажува од Законот за легализација на дивоградби

Реклама