Седумкратниот македонски ракометен шампион Металург договори денеска продолжување на соработката со својот тренер Иван Марковски за уште три години, а во тимот, како што е соопштено, останува и хрватскиот репрезентативец Златко Хорват.
Марковски, кој седна на клупата на Металург на крајот од март, и во иднина ќе може да смета на најдобриот ракометар на клубот од Автокоманда сезонава, Златко Хорват, откако хрватскиот репрезентативец денеска потпиша нов двегодишен договор.
Фото: РК Металург