Dark Mode Light Mode

Се исцрпеа средства за субвенции, во градот ќе има 3.057 нови велосипеди

Градот Скопје го затвори јавниот повик за субвенционирање на набавката на велосипеди од страна на граѓаните откако се исцрпеа предвидените средства.

-Јавниот повик беше објавен на 19 април 2021 година и аплицирањето се одвиваше онлајн, на линк објавен од Град Скопје. Од објавувањето на јавниот повик досега аплицирале 3.057 граѓани и со тоа, предвидените финансиски средства се исцрпени. Во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за велосипеди се предвидени 8,5 милиони денари, се наведува во денешното соопштение на Градот Скопје.

Во изминатите три години, Град Скопје додели над 10.000 субвенции за граѓаните што купија велосипед.

Реклама

Да се надеваме дека градските и општинските власти ќе вложуваат и во подобрување на велосипедската инфраструктура во Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Путин: Руската вакцина е сигурна како и пушката Калашников

Next Post

Македонија во група со Данска, Словенија и Црна Гора на ЕП 2022

Реклама