Dark Mode Light Mode

Во Скопје на болничко лекување со ковид се 515 лица, нови се 48

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.237.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 515 лица сомнителни и потврдени за ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 13 приеми.

Реклама

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 14 примени пациенти и 11 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле  бил примен еден болен, исто како и на  Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 2 нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти.

Во другите градови, на болничко лекување има 722 пациенти со ковид.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев: Предлогот за државјанствата што го добивме не е она што го договаравме со Села и Гаши

Next Post

Скопјанец со ловечка пушка се обидел да убие две лица - заврши во притвор

Реклама