Dark Mode Light Mode

Сончево и топло, со малку облаци и температура до 29 степени

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 29 Целзиусови степени.

На подрачјето на земјава времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и претежно на истокот ќе има услови за појава на краткотрајна изолирана нестабилност. Утринската температура се движи од 6 до 12, а максималната дневна ќе достигне од 24 до 29 Целзиусови степени.

До понеделник под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење ќе има значително повисоки температури кои на места ќе бидат и над 30 степени. Во сабота од крајот на денот и преку ноќта кон недела во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Премиера на христијанската химна на Дева Марија од XIII, во недела во 17.45 часот

Next Post

Денеска е Велики Петок, денот на строгиот пост во спомен на распнувањето на Исус Христос

Реклама