Dark Mode Light Mode

Заев: Предлогот за државјанствата што го добивме не е она што го договаравме со Села и Гаши

Премиерот Зоран Заев не е задоволен од она што го добил како предлог-решение за законот за државјанство од Алијанса/Алтернатива.

-Не е она што го договаравме, рече денеска Заев и најави нова средба со министерот и заменик-министерот за внатрешни работи, министерот за земјоделство за да се прецизира и да се пушти во парламентарна процедура. Но, уверен е дека договор ќе се постигне.

На вчерашите забелешки од претседателот на Собранието Талат Џафери дека и покрај лидерските средби, 28 закони и натаму се блокирани, Заев рече дека тие како Влада направиле сериозни отстапки – за пописот, изборното законодавство, делот за гласање со отпечаток од прст, промени во важењето за законски решенија, како она за пензионирање, постигнат е договор за законот за бесправни градби и дека сега на ред е опозицијата.

Реклама

Ги повика претседателите на собраниските комисии од опозицијата да ги започнат расправите и да се одблокира работата.

Она што допрва ќе се договора со опозицијата се законот за АВМУ и за Клиничкиот центар.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера рече дека 28 законски решенија и натаму се блокирани со амандмани, за разлика од претходно кога биле 37.

Најмногу амандмани – 2.697 има поднесено Алијанса/Алтернатива на законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош ИПА.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Има ли воопшто некој што навистина ги поддржува реформите на Царовска?

Next Post

Во Скопје на болничко лекување со ковид се 515 лица, нови се 48

Реклама