Dark Mode Light Mode
Ја јавнаа државата бидејќи сме сенилни
Европски експерти ја проценуваат вакцината „Спутник V“, Индија ја одобри за употреба
РФМ воведува нов систем на натпреварување во Суперлигата

Европски експерти ја проценуваат вакцината „Спутник V“, Индија ја одобри за употреба

Експерти од Европската агенција за лекови (ЕМА) престојуваат во Москва за да ја проценат вакцината „Спутник V“ против Ковид-19, објавија денеска руските медиуми. Во веста се наведува дека претставниците на ЕМА ќе ги посетат и производствените капацитети.

Новинската агенција Интерфакс објави дека претставниците на европското регулаторно тело, кое иницираше анализа на руската вакцина на почетокот на март, посетиле две клиники каде што се спроведуваат третите клучни фази од клиничките испитувања на оваа вакцина и разговараа со медицинскиот персонал.

-Можеме да кажеме дека е во тек конструктивен дијалог, изјави извор на Интерфакс за посетата на експертите на ЕМА, која е дел од постапката за анализа и проценка на ефикасноста на вакцината „Спутник V“.

Реклама

Европската агенција ЕМА сè уште не даде одобрение за „Спутник V“, иако Унгарија, како членка на ЕУ, ја одобри руската вакцина на национално ниво по кратка постапка, а во меѓувреме неколку земји од ЕУ покажаа интерес за договор со Русија за набавка на вакцината.

Од друга страна, Индија ја одобри руската вакцина „Спутник V“.

-Среќни сме што добивме одобрение за употреба на „Спутник V“ во Индија“, рече Г. В. Прасад, извршен директор на „Д-р Редис лабораторис“, во изјавата пренесена од француската агенција Франс прес.

„Спутник V“ обезбедува околу 92 отсто заштита од ковид-19, покажаа најновите резултати од тестовите објавени во Лансет.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ја јавнаа државата бидејќи сме сенилни

Next Post

РФМ воведува нов систем на натпреварување во Суперлигата

Реклама