Dark Mode Light Mode
Повторно се лудува по Скопските улици
Словенија сака да ја воведе за употреба вакцината Спутник В и чека одобрение од ЕМА
Тројца повредени во судир на автобус и комбе кај Битола

Словенија сака да ја воведе за употреба вакцината Спутник В и чека одобрение од ЕМА

Словенија чека одобрување од Европската агенција за лекови (ЕМА) за употреба на руската вакцина.
– Советодавната група за вакцинација неодамна препорача да се набават сите вакцини што ги разгледува ЕМА. Ние го сторивме тоа, така што, откако ќе биде одобрено, можеме да започнеме со употреба на вакцината веднаш за да не губиме време, изјави шефицата на националната советничка група за имунизација Бојана Беовиќ.

Руските медиуми на 12 април објавија дека експерти од Европската агенција за лекови престојуваат во Москва за да ја проценат вакцината Спутник В, наведувајќи дека претставниците на ЕМА исто така ќе ги посетат производствените капацитети.

Словенија досега вакцинирала вкупно 360.450 лица против коронавирус, што е 17,2 проценти од населението, а 136.582 примиле две дози од вакцината, претежно Астра Зенека и Фајзер.

Реклама

Словенија, исто така, набави вакцини од Џонсон и Џонсон, но не ги користи, чекајќи нова одлука од европското регулаторно тело, откако САД привремено ја прекинаа имунизацијата со оваа вакцина.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Повторно се лудува по Скопските улици

Next Post

Тројца повредени во судир на автобус и комбе кај Битола

Реклама