Досега во земјава речиси 15.500 повозрасни граѓани се вакцинирани со „Астра Зенека“ и засега нема пријавено ниту една несакана реакција од вакцинацијата.
Од Министерството за здравство велат дека несакана реакција во смисла на локална реакција која се очекува после вакцината – мало црвенило, болка… не е нешто што би требало да се пријави како ефект или нешто што би било од клиничко значење.
Засега единствен регистриран случај на тромботична реакција кај нас е кај 28-годишната девојка која имала несакани реакции по вакцинација со оваа вакцина во Србија.
Денеска Министерот Филипче соопшти дека следејќи ги препораиките на Европската агенција за лекови, секоја земја да одлучи како ќе ја дава оваа вакцина, нашите здравствени власти одлучиле таа да не се дава на лица под 60 години, а се очекуваат препоракте дали оние кои веќе ја примиле првата доза (во Србија) да бидат ревакцинирани со втората доза.