Dark Mode Light Mode
Вардар елиминиран од Лигата на шампиони
Кој попрво ќе прими од новите 1500 пакетчиња терапија за ковид-болните? Толку новозаразени има секој ден
Откажани концертите во Филхармонија за 15 и 22 април

Кој попрво ќе прими од новите 1500 пакетчиња терапија за ковид-болните? Толку новозаразени има секој ден

Специфична терапија стигнува во Maкедонија што веќе се користи во САД за лекување на лица со ковид 19. Убаво. Но, она што е дискутабилно е што доаѓаат само 1500 пакетчиња. Со други зборови стигнуваат онолку колку што безмалку имаме секој ден новозаразени.

Министерството за здравство објасни дека станува збор за терапија која влијае на намалувањето на размножување на вирусот и се дава во рана фаза од болеста, а се набавува преку заедничкиот систем на набавка на Европската Унија. Кој ќе ја прими терапијата ќе одлучува т.н. мини – кризен штаб составен од директорите на клиниките.

Одлична информација е фактот дека стигнува нова терапија во Македонија, ама како и за дел од претходните процеси за набавка на вакцини, и оваа постапка не поминува без критика и бројни прашања од граѓаните на социјалните мрежи:

Реклама

-Кој попрво ќе прими од 1500-те пакетчиња што ќе стигнат?
-Не е ли малку срамота да се фалите со 1500 пакетчиња?!И да не е возможно да се набават повеќе, па подобро премолчете отколку фешти да правите за волку малку терапија!
-А ќе стигнат ли? Можеби е подбро да се пофалите откако ќе дојдат…
-Мини – кризен штаб?! А што сработе макро – кризниот штаб во време на ковид-кризава?
-Кој гарантира дека правилно ќе бидат распоредени пакетчињата?
-Изгледа ќе ги потрошите за една вечер, толку новозаразени има секој ден…

Граѓаните реагираат во голем број и за ненавремените мерки, за големата смртност…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Вардар елиминиран од Лигата на шампиони

Next Post

Откажани концертите во Филхармонија за 15 и 22 април

Реклама