Dark Mode Light Mode

Економијата заздравувала, ама граѓаните тоа не можат да го почуствуваат

Добра била економската перспектива во Македонија за оваа година. Така вели премиерот Заев. 

Цените растат на основните продукти во маркетите. Така вели секој граѓанин кој пазарел минативе две – три недели.

Се помалку производи во маркетската корпа, а се повеќе пари за нив од паричникот. Поскапувањата станаа секојдневни: маслото за јадење стаса до 100 денари, полека поскапуваат и други прехрамбени производи, а поскапеа повеќе лекови… Поскапуваат и бензините последниве недели…

Реклама

Статистичарите веќе пресметаа дека минатиот месец во споредба со истиот месец лани трошоците на живот се зголемени за 2,1 отсто додека цените на мало за 2,6 проценти. Најголем раст од 4,3 отсто имало кај алкохолот и тутунот, трошоците за живот за домување, вода, струја се зголемени за 4,5 проценти додека кај храната за 1,7 отсто. Трошоците на живот за здравствена заштита бележат раст од 2,5 отсто. Такви проценти се забележани и во првите месеци од годинава при што најголеми зголемувања имало кај храната.

Сојузот на синдикатите пресмета дека за 122 денари се зголемиле основните трошоци на синдикална кошничка за едно четиричлено семејство во март во однос на јануари, а за 70 денари во однос на февруари. Минималните трошоци на едно четиричлено семејство, според пресметките на ССМ, во март изнесувале 33.772 денари, а што е значително повеќе од просечната плата во Македонија од нешто повеќе од 28.000 денари.

Напоредно со ова, се повеќе граѓани остануваат без работа како последица на економската криза која што ја предизвика пандамијата со корона вирусот и воевдените превентивни мерки. Сега се затворија и угостителските објекти што значи дека состојбите ќе станат уште полоши.

Наспроти ова, владините претставници даваат изјави дека економските состојби одат на подобро.

ма позитивни сигнали дека економијата заздравува, што е потврдено со позитивните тековни економски движења преку високиот раст на извозот, растот на трговијата, растот на кредитирањето и растот на просечната платаПолнењето на државната каса оди според планираното, изјави неодамна премиерот Зоран Заев.

Но, ете, заздравената економија е проследена и со покачување на цените по продавниците па граѓаните тоа не можат да го почуствуваат. 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

До паркот „Авионче“ во Аеродром ќе треба ли да одиме со авионче?

Next Post

Филипче: Преносливоста на вирусот падна под 1, но остануваме претпазливи

Реклама