Во текот на следната недела се очекува во земјава да пристигнат околу 1.500 пакувања од новата терапија што веќе се применува во САД за лекување од ковид-19.
Се работи за терапија која влијае на намалувањето на размножување на вирусот и се дава во рана фаза од болеста.
– Тоа е терапија на едно спефицично антитело што го набавуваме преку заедничкиот систем на набавка на Европската Унија, објаснува министерот за здравство Филипче.
Каде ќе биде распоредена новата терапија, ќе одлучува мини – кризниот штаб составен од директорите на клиниките.