Dark Mode Light Mode

Зградата на Главна пошта- еден од седумте најзагрозени објекти во Европа за 2021

Зградата на Главната Пошта во центарот на Скопје, дело на ахтитектот Јанко Константинов се наоѓа на листата на најзагрозени споменици и локалитети во Европа за 2021 година.

Листата од седум вакви најзагрозени објекти во Европа ја прави Европскиот глас на граѓанското општество посветено на културното и природно наследство и неговата партнерска организација, Институт на Европска Инвестициoна Банка.

На неа се и Железничката пумпа на пареа во Ахенси во Австрија, Комплексот на гробишта во Мирогој, Хрватска, Петте Јужно-Егејски Острови во Грција, Градината Џусти во Верона, Италија, Манастирот во Дечани, Косово и Капелата Сан Хуан де Сокуева и Ермитаж, Кантабриа, Шпанија.

Реклама

Целта на оваа листа на 7 -те најзагрозени за 2021 година е да алармира за сериозната закана со која се соочуваат овие локалитети – важни сведоштва за заедничкото минато, меморија и идентитет велат од „Европа Ностра“, чиј борд ја направил селекцијата за оваа година.

Централната пошта е објект со модернистички и бруталистички архитектонски стил од повоената ера, финализиран во 1974 година. Изработен е од армиран бетон, во форма на цвет од лотос за да ја симболизира реконструкцијата на градот Скопје по силниот земјотрес во 1963г.

Зградата преживеа огромен пожар во 2013 година. Првичното застаклување на куполите и муралите на Борко Лазески, како и специјално дизајнираните мебел и осветлување, беа целосно уништени или претрпеа сериозни оштетувања.

Објектот е уште повеќе загрозен од неупотреба, засилено со ерозијата предизвикана од покачување на подземните води поради непосредната близина на реката Вардар. Бидејќи зградата се уште е без покрив, таа страда од директната изложеност на атмосферски влијанија со врнежи од дожд и снег кои продираат во целата нејзина внатрешност. До сега многу пати беше ветено дека ќе се санира, ама…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

И официјално: Нема вакцинација со „Астра Зенека“ на лица под 60 години, се размислува за втората доза за вакцинираните

Next Post

Левица: Заев дрско и арогантно одбива да прифати каква било одговорност

Реклама