Dark Mode Light Mode

Необична случка во 41 на пат до Драчево: Промоција на новата поезија на Горан Китановски

Горазд Китановски, е млад поет, кој деновиве на невообичаен начин се одлучи да ја промовира својата нова книга „Бетер Times”. Имено, возејќи се во автобусот со број 41, познатата линија до скопско Драчево, тој стана и пред патниците рецитираше дел од песните. Очекувано, настанот брзо стана вирален и експресно се прошири, а Китановски доби и аплауз од патниците.

-Рецитирав поезија во 41 (два пати дури, и на одење и на враќање). Чувството е феноменално кога на некој ќе му го разубавиш денот, барем на момент, вели тој во објавата на социјалните мрежи. Најави и дека веќе работи на своето ново дело:

-Работам на нов проект насловен “НИЕ”, каде “собирам стихови” од луѓе на веќе зададени теми. Деновиве ќе објавам повеќе за тоа. Ви посакувам убава вечер и гушнете се себеси пред спиење, заслужувате, им порача Горазд на своите следбеници на социјалните мрежи.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Зошто политиката, а не здравството односно Комисијата му пресуди на пописот?

Next Post

Облачно со сончеви периоди, температура до 18 степени

Реклама