Dark Mode Light Mode

Радостите кои ги носат Кире Лазаров и неговата репрезентативна чета

Ракометната репрезентација на Македонија синоќа ја израдува македонската јавност. Убедливо го победија светскиот прват – Данска. Радоста е уште поголема, што со оваа победа македонскиот бомбардер Кире Лазаров покажа дека е подготвен и има знаење и како селектор да ја води репрезентацијата.

Нашите репрезентативци ја диктираа играта во сите 60 минути на теренот како да не ги имаа за противници светските шампиони кои само пред два месеци владеења на СП во Египет. Браво!

Радува пожртвуваноста и решителноста која ја покажаа сите ракометари. Радува и фактот дека одлични ракометари од старата генерација се вратија во репрезентацијата. Радува и тоа што комбинацијата на искуство и младост проработе на најдобар начин.

Реклама

Радува и податокот дека по големата победа над Данска, претседателот на РФМ, Живко Мукаетов веднаш кажа дека следат награди за ракометарите. Репрезентативците ќе добијат 20.000 евра.

Радува и тоа што со оваа победа над Данска, македонската репрезентација се наоѓа на скалило од обезбедување на пласман на ЕП 2022.

– Во моментов сум цврсто на земја. Сега да се наспиеме, да се одмориме и да видиме како ќе се подготвиме за мечот во Данска. Уште еднаш огромна благодарност до јавноста затоа што веруваше во нас. Ова е само почеток и јас знам што е спорт и го знам нашиот македонски менталитет, истакна рече Лазаров по натпреварот.

Во очекување на нови радости, радува и скромноста и приземноста на Лазаров.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Зошто Советот за безбедност барем под точка „разно“ не расправа за пандемијата, вакцините, пописот...?  

Next Post

Кои пораки ни ги прати ЕУ со недоделувањето на помош?

Реклама