Dark Mode Light Mode
Тешка сообраќајка кај Ресен, загинаа двајца охриѓани
Зошто Советот за безбедност барем под точка „разно“ не расправа за пандемијата, вакцините, пописот…?  
Радостите кои ги носат Кире Лазаров и неговата репрезентативна чета

Зошто Советот за безбедност барем под точка „разно“ не расправа за пандемијата, вакцините, пописот…?  

Информација за стратешките набавки во Армијата во наредниот период денеска ќе биде единствена точка на дневниот ред на седница на Советот за национална безбедност кој го закажа шефот на државата Стево Пендаровски. Согласно на темата, на седницата се повикани само началникот на Генералштабот на Армијата, директорот на Агенцијата за разузнавање и директорот на Агенцијата за национална безбедност. И ништо друго како тема, никој друг како поканет учесник кој можеше да придонесе за разговор околу некој друг проблем кој ја тишти Македонија.

Проблеми има многу, ама ги нема ниту под точка „разно“. 

Да, стратешките армиски набавки се важни бидејќи ретко ги правиме и најчесто чекаме на донации од други армии. Но, нели е пандемијата нешто што треба да биде на дневен ред? Особено што институциите слабо се справуваат со неа.

Реклама

Плус, од очекуваните и ветени вакцини уште нема абер, се чека некој да се смилува и ни отстапи дел од нив. Токму шефот на државата синоќа објасни како големиот производител „Фајзер“ не сакал ни да преговара со мали земји кои сакаат нивни вакцини. И? Како понатаму, ќе се координираат ли надлежните институции по ова прашање, ќе преземе ли нешто претседателот?

Плус, новиот бран на вирусот и непочнатата вакцинација најдиректно го загрозуваат и пописот на населението кој станува дополнителен ризик за нови заболени. И не само тоа, најавите од партиите за бојкотот на пописот веќе стануваат реалност и се бара одложувањето на пребројувањето во име на сигурноста на граѓаните но и поинакви решенија за кредибилно пребројување. Токму шефот на државата јавно изјави дека тука треба компромис, па кога за тоа ќе се расправа и каде?

Сите овие теми, а има и други, требаше да се најдат на негова денешна седница. И тоа барем под точка „разно“. Оти состојбата е сериозна и потребен е сериозен пристап на сериозни функционери.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Тешка сообраќајка кај Ресен, загинаа двајца охриѓани

Next Post

Радостите кои ги носат Кире Лазаров и неговата репрезентативна чета

Реклама