Поранешнииот европски шампион Вардар 1961 договори репрезентативно засилување за следната сезона. Имено, клубот си подаде рака со македонскиот голман Мартин Томовски, кој по неколку сезони минати во Лудвигсхафен ќе се врати во земјата.
Томовски се наоѓа на истек на договорот со бунделсигашот и има понуда на маса за продолжување на соработката. Сепак, предизвикот наречен Вардар преовладеал и Томовски треба да им се приклучи на Ристовски и Кизиќ за сезоната 2021/22.
Се очекува голманот следната недела да ги дефинира условите и да потпише договор со клубот од Скопје. Најверојатно тој ќе го заземе местото на Французинот Кантагрел. Во македонскиот шампионат Томовски го носеше дресот само на Металург.