Dark Mode Light Mode

Казни што си дишеме во врат во кафеана нема, ама без маски на прошетка не мрдајте!

Постојано расте бројката на граѓани кои се казнувани секој ден заради неносење маски. Стотици луѓе секојдневно го полнат буџетот, оти се фатени како во автомобил повеќе од двајца, или некаде надвор, не носат маски.

-Со сопругата бев во автомобил, не носевме маски, живееме заедно. Но ова не беше доволно објаснување за полицајците кои не застанаа и не казнија. Како е возможно да се санкционираат брачни другари и луѓе кои не носат маски а се на отворено во природа, а да нема казни за оние кои се во ресторан или кафеана и седат еден до друг- во затворен простор со одвај растојание меѓу себе, коментира редовен читател на „Скопско ехо“. Тој ни пиша откако пред неколку дена имал вакво непријатно искуство.

За нелогичноста на оваа мерка за задолжително носење маски на отворено додека во кафеана, и во затворен простор не е потребно, пишувавме повеќе пати. И дел од докторите апелираат дека е апсурдна.
-Надвор на отворено, по ливади без маска треба. Претерано е кога гледаме дека нема место во ресторан, би забранил седење внатре, рече на едно од своите последни интервјуа микробиологот Никола Пановски.

Реклама

Сепак до овој момент промени во однос на оваа мерка за заштита нема. Комисијата за заразни болести никогаш не ја смени одлуката па секојдневно расте револтот кај луѓето но и бројот на напишани казни – кои се полначи на буџетот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Мицкоски од болница му порача на СДСМ: Ќе бидете победени, тоа ви го ветувам

Next Post

Облачно со сончеви периоди, температура до 11 степени

Реклама