Dark Mode Light Mode

ВМРО-ДПМНЕ: Две недели молк за бегството на Мијалков

Поминаа две недели од бегството на Сашо Мијалков, а органите на прогонот и јавното обвинителство се уште не открија каде беше и кој му помогна на Мијалков да се сокрие два дена.

Две недели се чекаат одговори на прашањата за кој целата јавност е заинтересирана.

Дали министерот за правда Маричиќ знаел дека Мијалков ќе побегне и ја криел информацијата?

Реклама

Дали Мијалков избегал во Србија и од таму се пазарел со Заев за после два месеца да излезе од затвор?

Дали Мијалков е донесен пред јавното обвинителство со службено возило на владата на Македонија?

Дали во целото ова сценарио при појавувањето пред јавното обвинителство е вмешана и Вилма Русковска?

Вчера беше соопштено дека едно од делата на пресудата за обвинетиот Сашо Мијалков застарува, и неговата казна ќе биде намалена за 3 години. Дали и ова е дел од договорот на крими коалицијата Заев – Мијалков?

Режијата на ова сценарио е јавно позната, коалицијата на криминалот беспрекорно функционира. Кризата која сакаше Зоран Заев да ја направи во ВМРО-ДПМНЕ не успеа и планот на Заев пропадна.

Затоа Македонија е хибриден режим според реномираниот „Економист“ и сме на 111-то место на скалата „Транспаренси Интернешнл“ по корупција. Со Зоран Заев секој ден Македонија ќе тоне се повеќе.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

613 санкции за неносење маски во текот на изминатото деноноќие

Next Post

Продолжуваат возбудувањата во ПМФЛ, дербито во Тетово

Реклама