Dark Mode Light Mode

Мицкоски од болница му порача на СДСМ: Ќе бидете победени, тоа ви го ветувам

По повод најновите понуди на премиерот Заев до ВМРО-ДПМНЕ за широка коалиција ама без нивниот претседател Мицковски, се огласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицковски од инфективната клиника, каде се лекува од корона вирусот порача дека овој ден е многу тежок за него, но дека ќе се избори со болеста и ќе продолжи со работа.

-Имам една порака до вас, господа од власта, заедно со вашите лакеи, за мене денес е исклучително тежок ден. Пеколно тежок ден бил деветтиот најтешкиот, се борам со болеста, тешко дишам, а главата ми пука од температура, но имам јас енергија, мотив и волја и за борба со вас. Ова го пишувам од собата во инфективната клиника со сиот револт во себе што и направивте на Македонија. Има начин да се спасите од мене, да не се разбудам утре или денот потоа и тогаш можеби ќе ви биде полесно да пронајдете соодветен соговорник.

Но, тој филм нема да го гледате и ви ветувам дека ќе се изборам со болеста, ќе излезам од инфективна, а потоа не чека многу работа… Сметот мора да се измете, ама најпрвин од сопствениот двор!

Реклама

И овие од власта ако мислат дека има најмали шанси за пакт со криминал и криминалци, тоа нема да се случи. Ќе бидете победени, тоа ви го ветувам, напишал Мицкоски, укажувајќи дека македонската пролет доаѓа.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

СДСМ: Мицкоски не е адресата до кого е упатена идејата за национално помирување

Next Post

Казни што си дишеме во врат во кафеана нема, ама без маски на прошетка не мрдајте!

Реклама