Dark Mode Light Mode

Затворена чајџилница во Куманово, ќе биде поднесена кривична пријава

На 06.03.2021 во 22.30 часот од полициски службеници од СВР Куманово е извршена контрола во чајџилница на ул.Карл Маркс во Куманово, сопственост на Ф.Б.(29) од Куманово, при што било констатирано дека објектот работел, односно не се придржувал до пропишаното работно време и во него биле затекнати околу 20 лица.

Објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

„Дифтарите“ со мотори прават проблеми по скопските улици

Next Post

Почина српскиот актер Борис Комнениќ

Реклама