Dark Mode Light Mode

Сонце со мала облачност, температура до 17 степени

Во Скопје времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до -2, а дневната ќе достигне до 17 степени.

На останатото подрачје во Македонија времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од -4 до 2, а дневната од 13 до 20 степени.

Во сабота ќе преовладува променливо облачно време со засилен северен ветер, особено долж Повардарието и на повисоките места, каде повремено ќе надминува 70 км/час. Ќе има повремен локален дожд, а на планините снег уште од претпладневните часови, претежно во западните и северните делови.

Реклама

Во недела ќе се задржи променливо облачно и свежо време со услови за слаби локални врнежи. Дневните температури значително ќе опаѓаат и во недела ќе бидат пониски за 8 до 10 степени од досегашните. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните од понеделник ќе бидат во постепен пораст.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заврши приказната за „Кино Култура“

Next Post

Со автоматска пушка изрешетани две млади лица во Топанско поле

Реклама