Dark Mode Light Mode
Модуларната болница кај Инфективна клиника повторно прима пациенти со Ковид-19
Општина Центар продолжува со борбата за похумано градење, прво ќе се ревидираат ДУП-овите за „Водно“ и „Соборен храм“
Молдавија прва во Европа доби вакцини преку „Ковакс“

Општина Центар продолжува со борбата за похумано градење, прво ќе се ревидираат ДУП-овите за „Водно“ и „Соборен храм“

Одлуката на Уставниот суд за укинувањето на „мораториумот“ за градби во скопската општина Центар нема да го запре процесот на усвојувањето на оние Детални урбаниастички планови кои се во процес на ревидирање. Во завршна фаза од ревидирањето сега се шест ДУП-ови и тие во блиска иднина ќе се најдат на седница на општинскиот Совет за усвојување. До сега, од вкупно 31 ДУП колку што беа стопирани во 2017 година завршен е процес на промени во осум ДУП-ови. Остануваат уште 23 кои ќе се ревидираат и усвојуваат во наредните месеци.

-Во најнапредна фаза се ДУП-овите „Соборен храм“ и Блок 15 од ДУП-от „Водно“. Тие наскоро ќе се завршат бидејќи веќе се доставени до Министерсвото за транспорт за одобрување. По нив ќе следат ДУП-овите за „Клинички центар и Геолошки завод“, Дебар маало „Парк2“, „Маџир маало 2“ и за „Стара железничка станица“. Очекуваме да бидат усвоени на наредните седници на Советот, изјавија денеска за „Скопско ехо“ од општина Центар.

Таму очекуваат во наредните месеци, до распишувањето на локалните избори да се ревидираат и усвојат останатите 17 планови.

Реклама

Со одлуката на уставните судии за укинување на „мораториумот“ во сила се враќаат старите ДУП-ови кои не се ревидирани. Тоа значи дека оние кои сакаат да градат тоа може да го бараат врз основа на тие планови. Од почетокот на годинава, откако се виде дека Уставниот суд навестува укинување на забраната за градба, во општина Центар пристигнале вкупно 32 барања за издавање одобренија градби за различни локации.

-Ние тие барања сме должни да ги примиме и ќе решаваме по нив. Ќе продолжиме со ревидирање на плановите иако процесот се одвиваше полесно додека на сила беше Одлуката за неспроведување на ДУП-овите. Општината ќе ги искористи сите дозволени правни механизми да продолжи со дисциплинирање на градежните парцели и ќе инсистираме максимално на запазување на параметрите за донесување на ревидираните ДУП-ови, изјавуваат во општината.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Модуларната болница кај Инфективна клиника повторно прима пациенти со Ковид-19

Next Post

Молдавија прва во Европа доби вакцини преку „Ковакс“

Реклама