Dark Mode Light Mode

Модуларната болница кај Инфективна клиника повторно прима пациенти со Ковид-19

Модуларната болница кај Клиниката за инфективни болести од денеска повторно ќе прима пациенти заболени од корона вирусот. Причина е зголемнувањето на бројот на заболени лица пд Ковид – 19 а што се случува во последниот период и недостигн на болнички капацитети.

-Веќе е подготвен кадарот, којшто сега повторно исто како во месец ноември работи по системот на ротација, лекари, медицински сестри од сите одделиенија повторно ја воспоставивме онаа координација и комуникација на ниво на сите клиники во Скопје, за да се обезбеди уште еден дополнителен болнички капацитет, информира вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека вакцинацијата ќе се префрли во Здравствениот дом во Скопје, кадешто ќе се користи тамошниот вакцинален пункт.

Реклама

– Имаме резерви, тоа што беше активно во текот на изминатата година во смисла на дополнителни одделенија, дополнителни кревети, целосно сме подготвени ако има потреба да се сместат пациенти таму. Понатаму модуларните болници, сега се речиси сите во функција, има уште неколку кои што треба да се стават во функција на болниците, со тоа многу болници добија нови болнички капацитети. 10.000 квадрати на нови болнички капацитети се подготвени насекаде во државата, потенцираше Филиче.

Министерот информираше дека сега и во текот на викендот, заклучно со понеделник или вторник ќе согледаат дали овој раст на пациенти ќе биде тренд и ќе се зголемува и понатаму.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Одлуката за заштита на Водно не е пречка да се донесе и посебен закон

Next Post

Општина Центар продолжува со борбата за похумано градење, прво ќе се ревидираат ДУП-овите за „Водно“ и „Соборен храм“

Реклама