Dark Mode Light Mode

Викендов свежо, од понеделник се стоплува

Ветер и зголемена облачност е прогнозата на УХМР за утре, додека од сабота поради продор на студена воздушна маса од север, ќе има позначителна промена на времето.

Така, се очекува променливо облачно време со повремен локален дожд, а на планините со локален снег, претежно во западните и северните делови. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места каде повремено ќе достигнува брзина над 70 км/час.

Во недела ќе се задржи променливо облачно и свежо со услови за слаби локални врнежи.

Реклама

Дневните температури ќе опаѓаат и во недела ќе бидат пониски за 8 до 10 степени од досегашните. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни.

Од понеделник дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Одлуката за заштита на Водно продолжува во владина процедура

Next Post

Скопјани: „Лајка“ секој ден да дава отчет колку кучиња заловила и каде!

Реклама