Dark Mode Light Mode

Ковид-состојба во 24 часа: Вчера 726, денеска 807 новозаразени – до каде ќе оди кривата?

Петмина починати и дури 807 нови случаи со кови-19 во земјава з 24 часа. Вака изгледа денешната ковид-статистика во земјава, според податоците од Министерството за здравство.

Починатите се од Скопје (80г,74г,68г,65г) и од Штип (81г), сите во болнички услови.

Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу се од Скопје – 359, потоа од Куманово и Охрид – по 38, Кавадарци, Струмица и Неготино – по 36, Гевгелија – 35, Тетово и Прилеп – по 34, Гостивар – 29, Битола – 25, Велес – 24, Крива Паланка – 12, Кочани и Крушево – по 11, Ресен – 6, Струга, Кичево и Валандово – по 5, Пробиштип и Богданци – по 4, Штип, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 3, Делчево и Радовиш – по 2, Свети Николе, Виница, Кратово и Демир Капија – по 1.

Реклама

Регистрирани се 314 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 104.548, бројката на оздравени пациенти е 92.189, на починати е 3.156, а бројот на активни случаи изнесува 9.203, од кои 4.145 во Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

48 - часa притвор за косовски државјанин за пукањето завчера во Ѓорче

Next Post

Заев побара гласање доверба на Владата без дебата - за опозицијата тој нема храброст да чуе критики

Реклама