Dark Mode Light Mode

Апасиев: Патните трошоци за пратениците да се изедначат со автобускиот билет

Надомест за патните трошоци на пратениците треба да се изедначи со висината на автобускиот билет, предлага лидерот на „Левица“ – Димитар Апасиев. Во изјава за телевизијата Канал 5 тој вчера објасни дека е потребно да се запре со луксузирањето од страна на пратениците со надоместокот за патни трошоци.

-Најелегантното решение според нас, бидејќи има неколку варијанти, е постоечкото 20% на изминат километар да се измени и да се спушти на 5 отсто. Според нашите калкулации, во тој случај, цената којашто ќе ја добиваат пратениците ќе биде изедначена со цената на повратниот автобуски билет за одредена релација, рече Апасиев.

Тој даде и еден пример како за патување кое вреди 300 денари пратениците земаат диполнителни 700 денари и го олеснуваат буџетот, а сето тоа е законски.

Реклама

-Еден пример: патување од Куманово е 40 километри наваму и 40 километри натаму. за 80 километри добивате 1.000 денари, а реалниот трошок за изминати 80 километри е 300 денари. 700 денари Собранието ги дава бакшиш, додава тој.

Истражувањето на Левица покажало дека македонските пратеници добиваат најмногу буџетски пари по основ на патни трошоци во споредба со нивните колеги од другите европски држави.

Вчера беше објавено дека иако собранието не работи редовно за 5 месеци пратениците си поделија 122.000 евра за патни трошоци. Најмногу прокнижил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дајанчо Ефтимов од Василево, околу 4.900 евра, а веднаш по него следува Сурија Рашиди од Алијанса за албанците со наплатени 4.777 евра кој патува од струшко Радолишта.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Уставните судии го укинаа мораториумот за градење во Центар

Next Post

Сите се растрчани по светот за вакцини, а Пендаровски и Заев од канцеларија ургираат?

Реклама