Dark Mode Light Mode

Британска мутација детектирана кај еден од двајцата што биле во Занзибар

Mинистерството за здравство информира дека анализите за еден од двајцата пациенти што се вратиле од Занзибар покажале присуство на британскиот сој на коронавирусот.

Анализите на брисовите се направени во лабораторијата на МАНУ.

Во текот на утрешниот ден, пак, ќе се направат анализи и на вториот пациент за кој претходно информираа здравствените власти.

Реклама

Комисијата за заразни болести веќе предложи задолжителен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји, а најавено е и можно заострување на мерките.

Се работи за сопружници од Битола, кои откако се вратиле од престојот во оваа африканска земја, пројавиле симптоми на коронавирус, по што биле хоспитализирани во струшката болница.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Како што побара, така и доби: Експрес - гласање доверба за Владата со 62 пратеници

Next Post

Од утре по социјална помош и детски додаток, но по азбучен ред

Реклама