Dark Mode Light Mode

Сончево со температури до 18 степени

Вистинско пролетно време и денеска ќе продолжи на скопското подрачје. Во текот на днеот ќе биде сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до -2, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Во останати краишта од Maкедонија времето ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, во источните од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од -5 до 3, а дневната од 14 до 20 степени.

Реклама

Од петок ќе има зголемување на облачноста, а во сабота промена на времето. Поради продор на постудена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, а на повисоките планини од снег, особено во западните и северните делови. Во сабота ќе дува засилен северен ветер. Дневните температури за време на викендот ќе бидат во опаѓање, а од понеделник ќе има постепен пораст.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Отворање на изложбата „Иван Велков, 90 години од раѓањето“

Next Post

Уставните судии го укинаа мораториумот за градење во Центар

Реклама