Dark Mode Light Mode

Србија денеска ќе и донира вакцини на Босна и Херцеговина

Србија денеска ќе даде вакцини и на Босна и Херцеговина. Имено, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на аеродромот во Сараево ќе го предаде контингентот вакцини на компанијата „Астразенека“, што Србија ги донира на соседната држава.

Донацијата на вакцини ќе ја примат претседателот и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, Жеjко Комшиќ и Сефик Џаферовиќ.

Предавањето на контингентот вакцини, неопходен за имунизација на граѓаните на Босна и Херцеговина против корона вирусот, ќе биде организиран на Меѓународниот аеродром во Сараево, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Републиката.

Реклама

Вучиќ претходно најави дека на Босна и Херцеговина ќе ѝ бидат дадени 10.000 дози од вакцината „АстраЗенека“, што ги набави Србија.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

По цел месец парламентарното мнозинство ќе се обиде да биде сериозно

Next Post

Почна пописот, но веќе се попишуваат и повеќе сериозни пропусти

Реклама