Dark Mode Light Mode
Ковид - биланс: Седум починати во 24 часа, нови заразени речиси колку и оздравени
Позитива на денот: Откриен рис надвор од Маврово, еколозите следат мажјак во „Јасен“
Партијата на Орбан ја напушта ЕПП

Позитива на денот: Откриен рис надвор од Маврово, еколозите следат мажјак во „Јасен“

Македонско еколошко друштво (МЕД) соопшти дека конечно обележале со околувратник млад мажјак од загрозениот балкански рис, кој е првиот рис што ќе се следи навор ов Маврово и околината како подрачје за кое досега имаше потврда дека се размножува.

Еколозите велат дека подолго време имале податоци дека има ваков вид во Јасен, но досега немале среќа да му постават ГПС околувратник. Во соработка со вработените од Јавното претпријатие за стопанисување со повеќенаменското подрачје „Јасен“ на крајот на февруари конечно го обележале младиот мажјак од загрозениот вид.

Тие очекуваат да добијат интересни информации за неговото хранење и движење во Јасен.

Реклама

Активностите за воспоставување на мониторинг на рисот во „Јасен“ се спроведуваат во рамки на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ во соработка со тимот на заштитеното подрачје, финансиски поддржан од Европската Унија, а спроведен од УНДП со поддршка на МЖСПП.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ковид - биланс: Седум починати во 24 часа, нови заразени речиси колку и оздравени

Next Post

Партијата на Орбан ја напушта ЕПП

Реклама