Dark Mode Light Mode

Партијата на Орбан ја напушта ЕПП

Партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фидеш нема да ја прифати суспензијата на нејзините претставници во ЕП како дел од Европската народна партија и ќе ја напушти, најави лично Орбан во писмо до првиот човек на ЕПП, во пресрет на одлуката што треба да се донесе в среда.

Се очекува в среда само формално да се потврди она што минатата недела лидерите на партиите членки на ЕПП го договорија, а тоа е воведување нови правила за суспензија, кои предвидуваат казна за цела партија, а не за еден нејзин европратеник.

-Ако одредбите бидат ставени на гласање и прифатени, Фидеш ќе ја напушти групата, напишал Орбан во писмото.

Реклама

Партијата Фидеш е веќе суспендирана од членство од март 2019 година, но нејзините членови продолжуваат да учествуваат во работата на ЕПП во Европскиот парламент.

Ако се остварат најавите на Орбан, Фидеш ќе остане најголемата фракција во Европскиот парламент, која брои 187 од 705 европратеници.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Позитива на денот: Откриен рис надвор од Маврово, еколозите следат мажјак во „Јасен“

Next Post

„Грбот не боли од тапкање“ – организаторите на настани пред Владата со едногодишен „помен“ од затворањето

Реклама