Минатата година биле откриени вкупно 460 000 фалсификувани банкноти во евра од кои дури 97 отсто се откриени во земјите на ЕУ, соопшти Европската централна банка.
Запленетата сума во 2020 година е за 17,7 проценти пониска од претходната година, и е најмалата количина фалсификати регистрирани досега во однос на бројот на банкноти во оптек.
Околу две третини од сите фалсификувани банкноти се во апоени од 20 и 50 евра.