Dark Mode Light Mode

Земјава утре во „жолта фаза“ – препораки како да се заштитиме од премрзнување

Повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз и почеста консумација на топли напитоци, а да се избегнува алкохол кој зголемува ризикот од хипотермија, да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини.

Ова се дел од препораките кои Министерството за здравство денеска ги упати поради пониските температури кои се најавуваат за утре на целата територија на државата.

Според Управата за хидрометеоролошки рабити, за утре се најавува жолта (алертна фаза).

Реклама

Времето во текот на утрешниот ден ќе биде ведро и студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб северозападен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -18 до -7, а максималната ќе достигне од -3 до 5 степени.

Во Скопје утре ќе сончево со умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -12, а максималната ќе достигне до 2 степени.

Од УХРМ информираат дека до сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, по одделни котлини во претпладневните часови ќе има услови за појава на магла.

Во сабота преку денот и во текот на ноќта кон недела времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските и снег во повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со послаб интензитет.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Истражување во Израел: Ефикасноста на вакцината на „Фајзер“ е 94 отсто

Next Post

Матурата никако да добие преодна оценка, сега „Средношколски глас“ најавува „посериозен отпор“

Реклама