Dark Mode Light Mode

Дневна ковид-статистика: Висока бројка на починати – дури 9, а помала на новозаразени – 51

Вкупно 9 починати лица и 51 нов случај на заразени се корона вирус е билансот од изминатото деноноќие во земјава.

Најмногу од починатите се од Прилеп (тројца),  по 2 пациенти од Скопје и Тетово, и по 1 смртен случај во Куманово и во Охрид. Пациентите се на возраст од 54 – 87 г. И сите починале во болнички услови.

Од направени 755 тестирања, регистрирани се 51 нов случаj на ковид-19 од кои речиси половината (25) се во Скопје.

Реклама

Регистрирани се 308 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.101, а на починати е 2.998, додека во моментов има 6.143 активни случаи, од кои 2.785 се во Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Владата утре ќе одлучува за 30 старо-нови антикризни мерки

Next Post

Како да се преживее со минималец кога синдикалната кошничка е над 500 евра?

Реклама