Dark Mode Light Mode

Убаво: Меѓународна недела на Филозофскиот факултет

Oд денеска до 19 февруари ќе ја одржи третата по ред Меѓународна недела на  Филозофскиот факултет на УКИМ чија тема е „Истражување на пандемиите низ хуманистичките и општествените науки”. Предавања ќе имаат  десет професори од универзитети од Канада, Израел, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Холандија, Полска и Словачка. Ќе биде промовиран и Еразмус проектот „Развој на нов софтвер за психомоторна ре-едеукација на деца со аутизам” од страна на координаторот од Чанаккале Универзитетот од Турција, проект во чија реализација како партнер учествува и Филозофскиот факултет.

– Темите на предавањата се поврзани со пандемиите, но нивниот фокус е насочен кон ретко коментирани аспекти или перспективи во јавниот дискурс.  Дел од насловите на предавањата се: „Општествениот живот и пандемиите: белешки за био-општественоста на инфекцијата”, „Класичниот мит и неговото прифаќање како одговор на криза”,  „Карактерното образование во време на пандемија”, „Психолошкиот контекст на прифаќање на конспиративни верувања за време на пандемијата”, „Одговорот на социјалната политика на Ковид-19″ и др.  Оваа година предавачите се од дисциплините: филозофија, класични студии, историја на уметност и археологија, социологија, педагогија, психологија и социјална политика, се наведува во најавата од Филозофскиот факултет кој е столбот на македонското образование.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Променливо облачно со умерен студен ветер

Next Post

Изменетата методологија на матурата денеска ќе полага матура

Реклама