Dark Mode Light Mode

Изменетата методологија на матурата денеска ќе полага матура

Матурскиот одбор ќе ги разгледа сите  прашања кои произлегуваат од предложените услови по што ќе се воспостави методологијата за полагање на државната матура, соопшти Министерството за обраозвание.

Истовремено, МОН ја информира јавноста дека е прифатлив предложениот модел за начинот на полагање на државната матура коешто го прифати и Сојузот на средношколци. Предложениот модел е во интерес на сите матуранти, а Македонија го задржува стандардот од 4 испити (2 екстерни и 2 интерни) и ниту еден матурант нема да биде оштетен.

-Министерството за образование и наука во соработка со Матурскиот одбор навремено ќе ги информира матурантите за направените промени со цел успешно да се подготват за претстојното полагање на испитите. Напоменуваме дека овој модел на полагање на државна матура бил веќе применуван во нашата држава од учебната 2007/2008 до учебната 2012/2013 година, се наведува во соопштението на МОН.

Реклама

Ова Министерството потсетува дека во извештаите на ОЕЦД државната матура како дел од образовниот систем е позитивно оценета и дека планираат и понатаму да ја подобруваат и унапредуваат.

Инаку, министерката Царовска долго време беше непопустлива на барањата на матурантите објаснувајќи дека не е можно да има измени во нашинот на полагање на матурата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Убаво: Меѓународна недела на Филозофскиот факултет

Next Post

Словенија и Хрватска ги олеснуваат епидемиолошките мерки

Реклама