Dark Mode Light Mode

Досега пријавени над 30.000 за вакцинација, а вакцини ни за лек

Апликацијата на веб-страницата „Vakcinacija.mk“ за искажување заинтересираност за вакцинација против ковид-19 ја пополниле околу 30.000 граѓани.

Но, тоа не значи дека закажале и термин за вакцинирање. Датумот и часот за вакцинација го утврдува Националниот систем „Мој Термин” согласно трите фази кои ги содржи Националниот план за ковид-вакцинација.

Во првата фаза, е предвидено да се вакцинираат здравствените работници кои работат со ковид-пациенти во болнички услови и се изложени на многу висок ризик од инфекцијата,

Реклама

Близу 70 отсто од здравствените рработници сакаат да се вакцинираат, објави министерот за здравство Венко Филипче.

Во оваа фаза се и следните приоритетни групи за вакцинирање: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смртен исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години.

Со поврзување на хроничните болести се прави список за известување кон матичните лекари, кои треба да ги известат своите пациенти и да ги прашаат дали сакаат да се вакцинираат и тој податок да се внесе во „Мој Термин“.

Но, она што недостасува во целиот овој систем се – вакцините.

Иако најавено, вчера во земјава не пристигнаа 8.000 вакцини на “Фајзер“ од Србија, кои воедно требаше да бидат и првите кои воопшто ќе пристигнат во земјава.

Доставувањето, според новата најава ќе биде следните денови, бидејќи требало да се усогласи техничката документација.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ вчера изјави дека сè е подготвено за Србија да ги отстапи договорените дози, но се чека дозвола од американскиот производител, бидејќи нивниот договор предвидува дека вакцините не можат да се извезуваат.

– Се надеваме дека сè ќе се заврши во следните неколку денови, рече премиерката Брнабиќ.

Во текот на следните денови во државава се очекува и испорака на нови 200 илјади дози вакцини од Кина, за кои беше потпишан договор во понеделникот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Антикорупциска ќе проверува акумулации на функции на пратеник, на...

Next Post

Поради реконструкција на булеварот: Делови од „Гологанов“, „Њуделхиска“ и „Анкарска“ без вода

Реклама