Dark Mode Light Mode

Две опции за компромис околу државната матура, решение за викендов

Матурантите да полагаат два екстерни испита, додека за двата интерни да се изведе средна оценка од четирите години или да се полагаат четири предмети од државната матура по скратени програми, се двете опции околу кои се очекува да биде постигнат компромис околу полагањето на државната матура. Ова беше најавено денеска на расправата за матурата во Клубот за младински прашања и политики во македонскиот парламент.

На расправата не е постигнат дефинитивен компромис па пратеникот Бојан Стојаноски нијави дека се разработуваат двата предлога.

– Едниот предлог е матурантите да полагаат два екстерни испита, додека за двата интерни да се изведе средна оценка од четирите години. Клубот за младински прашања предложи и втора опција, а тоа е да се полагаат четири предмети од државната матура по скратени програми, рече Стојаноски.

Реклама

За матурантите е поприфатлива првата опција, но тие ќе се изјаснат на седница на Сојузот на средношколците што ќе се одржи викендов. Еден од пресудните фактори да се прифати оваа варијанта е тоа што сепак во игра остануваат четирите предмети, што значи дека нема да има пречки за запишување на матурантите на домашните и на странските универзитети. И за двете опции не се потребни законски измени. 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ковид-19 во 24 часа: Пет починати и 367 нови заразени, од кои 167 во Скопје

Next Post

Истражување во Израел: Без смртен случај и само 4 компликации на пола милион вакцинирани со „Фајзер“

Реклама