Dark Mode Light Mode

Со ревидираниот ДУП во Маџир маало ќе има 3 хотели, 14 згради и 5 паркчиња

Во Маџир маало ќе има локации за три нови хотели, 14 згради и пет мали паркови, а избришани се маркички за две згради. Ова е резултат на ревидираниот Детален урбанистички план за Маџир маало 1 кој беше усвоен на седницата на Советот на општина Центар.

Ова е осми ревидиран план кој го донела оваа скопска општина откако пред три години ја почна постапката за промени во трисетина ДУП-ови.

-Од стариот план се избришани две згради, а на сметка на тоа обезбедено е зеленилото. Со овој план за 23 проценти е намалена површина за градба, исполнета е обврската за 20 проценти зеленило во секоја градежна парцела и задолжително обезбедување на потребниот број паркинг места во самата парцела. Заштитен е пешачкиот дел од кејот, каде со претходниот план се предвидуваше улица за сообраќај, изјави градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ на денешната прес-конференција за презентација на планот.

Реклама

Планот опфаќа површина од 7,28 хектари и како што велат од Општината со него во голема мера се решени барањата на жителите од овој дел од градот, кои со години не можеле да ги обноват домовите. Со измената на планот укината е одредбата од претходниот, кој бараше сите згради да имаат барокни фасади. Предвидени се парцели за 14 згради со висина од приземје, пет спрата плус поткровје. Првично планот предвидуваше само приземје и пет спрата на зградите, но по барање и петиција на жителите додаден е уште спрат односно поткровје. 

Предвидени се и пет мали паркови со вкупна површина од 1.195 метри квадратни, а со претходниот план на овој простор не се предвидуваше ниту една зелена површина.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев за најавата на Боки 13 дека ќе се кандидира за лидер на СДСМ: Тој е криминалец кој прави шоу

Next Post

Можеби доцни, но зима ќе има - следните денови температури и до -17 степени

Реклама