Dark Mode Light Mode

Дожд и ветер од променлив правец

Во скопското подрачје денеска ќе биде облачно со дожд и умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 12 степени.

И во останати делови од Македонија времето денеска ќе биде облачно, со пороен дожд кој некаде ќе надмине 20 литри на метар квадратен. Ќе дува и силен ветер од преку 70 километри на час. Минималната температура ќе се движи од 2 до 8, а максималната од 8 до 15 степени.

Како што информира УХМР, претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а во попладневните часови ветерот ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засилува. Во текот на ноќта особено долж Повардарието ќе дува силен северен ветер. На планините на северозапад ќе врне снег. Попладне, врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.

Реклама

Поради продор на многу студена воздушна маса попладне ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови и ќе услови значително заладување.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и студено. За викендот ќе биде многу студено со врнежи од снег. На планините ќе се зголеми снежната покривка. Утринските температури на места ќе се спуштат и до минус 12 степени, а и дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Зарем Владата разбра за документацијата синоќа пред да тргнат вакцините од Србија?

Next Post

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ закажа редовен конгрес во ноември, партијата ќе се прочистува

Реклама