Dark Mode Light Mode
Од попладнево, повторно со воз од Скопје до Кочани
Зарем Владата разбра за документацијата синоќа пред да тргнат вакцините од Србија?
Дожд и ветер од променлив правец

Зарем Владата разбра за документацијата синоќа пред да тргнат вакцините од Србија?

Иако денеска требаше да биде вест број еден, со оглед на фактот дека ќе беа први вакцини што Македонија требаше да ги добие, сепак пратката што претседателот Александар Вучиќ ја најави, синоќа пред полноќ – беше известено дека нема да дојде.

-Известуваме дека заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, настанот кој беше најавен за четврток на граничниот премин Табановце се одложува за друг датум следните денови, за што дополнително ќе информираме, соопшти македонската Влада доцна синоќа.

Зошто се најавува нешто што не може да се направи? Зарем Владата не знаеше за техничката документација? Ако не знаела па разбрала непосредно пред тргнување на вакцините, тогаш тоа е чист аматеризам, коментираат граѓаните. Голем дел од нив во текот на вечерта иронично се шегуваа на социјалните мрежи, оти ова со одложувањето е само едно во низата најави за најави од страна на Владата на тема вакцини изминатиот период.

Реклама

Инаку вакцините од резервите на Србија требеше денеска да пристигнат преку граничниот премин Табановце, а на церемонијата на примопредавање беше планирано да присуствуваат премиерот Зоран Заев и претседателот Вучиќ. Во текот на следните денови се очекува и испорака на нови 200 илјади дози на вакцини од Кина, за кои беше потпишан договор во понеделникот.

-Прво имавме вакцини ама немавме фрижидери, после набавивме фрижидери па немавме вакцини, сега веб страна направивме ама не можеше да се отвори… па тргнаа вакцини од Србија, ама немаме документи па се вратија…И така на крај додека да стигнат ваквцините ќе немаме народ веќе… коментираат Македонците на Твитер.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од попладнево, повторно со воз од Скопје до Кочани

Next Post

Дожд и ветер од променлив правец

Реклама