Dark Mode Light Mode
Дожд и ветер од променлив правец
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ закажа редовен конгрес во ноември, партијата ќе се прочистува
Само во населбата Ченто фатени 28 возачи без дозвола

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ закажа редовен конгрес во ноември, партијата ќе се прочистува

Редовен и изборен конгрес во ноември годинава ќе одржи најголемата опозициска партија, реши соноќа Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Конгресот на опозициската партија би се одржал веднаш по завршувањето на локалните избори во земјава, што треба да се одржат наесен. Тоа е период во кој изминува и четиригодишниот мандат на актуелниот лидер на партијата Христијан Мицкоски.

Стефан Андоновски, члена на Извршниот комитет на партијата по седницата изјави дека е потврдено отфрлањето на барањето на Иницијативниот одбор за одржување на вонреден конгрес на оваа партија на 28 март.

Централниот комитет за ваква иницијатива заседаваше уште пред неколку месеци и едногласно донесе одлука за таа да биде отфрлена. И согласно со статутарните овластувања кои ги има и членот 29, став 4 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ. Централниот комитет и овој пат едногласно се задржа на принципиелно почитување на Статутот и статутарните принципи, рече Андоновски.

Реклама

Тој рече дека следува период на прочистување на партијата.

Ова е добра прилика за прочистување на редовите на ВМРО-ДПМНЕ, последно прочитување помеѓу актуелното раководство, новата енергија и поранешните функционери кои се предводени од Зоран Заев. Би сакал да истакнам дека ние за наш противник го имаме Зоран Заев и продолжуваме кон рушење на хибридниот режим во Република Македонија и сите граѓани ни се добредојдени во оваа борба и во оваа поддршка и се надевам дека се поголем број ќе ни се приклучуваат, изјави Андоновски по седницата.

Инаку, во однос на пописот, ЦК на ВМРО-ДПМНЕ заклучил дека е тема што се злоупотребува од власта за политичка пресметка и се користи како „димна завеса“, за да се одвлече вниманието „од обидот за фалсификат кој се прави во позадина“, како и од другите теми кои ги загрижуваат граѓаните. ЦК на ВМРО-ДПМНЕ смета дека одбивањето на иницијативата за собирање граѓански потписи за носење на закон за поништување на Законот за попис, преставува чекор во кој се гледа стравот на власта од соочување со народот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дожд и ветер од променлив правец

Next Post

Само во населбата Ченто фатени 28 возачи без дозвола

Реклама