Dark Mode Light Mode

Притворен скопјанец кој полил со бензин и запалил „Голф“ во Сарај

Во притвор е ставен 45-годишен скопјанец откако Основно јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за истражна постапка против него. Тој е осомничен дека подметнал пожар во кој изгорело возилото „Голф 5“ на 10 февруари во скопската општина Сарај.

Тој зел пластична туба со бензин од кој дел истурил врз возилото, а потоа тубата ја ставил под возилото кај совозачката врата. Потоа облекол црни волнени ракавици, ја натопил едната ракавица во бензинот, со запалка ја запалил волнената ракавица и ја фрлил кон бензинот што истекувал. На тој начин предизвикал пожар кој се распламтел и го зафатил целиот автомобил. Притоа возилото во целост изгорело и со тоа за оштетениот настапила голема имотна штета во вредност од 365.000 денари, соопшти денеска ОЈО Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Tретина од Американците не сака да се вакцинира

Next Post

Ѓорге Иванов сведочеше за 27 април: Небулоза е дека сум сакал да прогласам воена состојба

Реклама