Dark Mode Light Mode

Ноќеска повремени врнежи, од утре пороен дожд и силен ветер, за викенд снег

Пороен дожд кој некаде ќе надмине 20 литри на метар квадратен и силен ветер од преку 70 километри на час најавува УХМР за утре, а во наредните денови се очекува и заладување.

Облачноста ќе почне да се зголемува уште денеска, во вечерните часови, а во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопската котлина во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи дожд и слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Реклама

Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и студено.

За викендот ќе биде многу студено со врнежи од снег. Утринските температури на места ќе се спуштат и до минус 12 степени, а и дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев: Попис мора да има за владата и градоначалниците да не работат во матно

Next Post

Џабе Кејот кај ГТЦ ќе се реконструира ако нема ред и контрола што и до сега им беше обврска

Реклама