Dark Mode Light Mode

Сите шест актуелни вакцини против ковид штитат од компликации и смрт

Моника Ганди, инфектолог од Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско, на својот Твитер – профил објави табела со приказ на резултатите од клиничките испитувања на шесте најпознати вакцини против ковид-19 – „Модерна“, „Фајзер“, „Астра Зенека“, „Џонсон и Џонсон“, „НоваВакс“ и руската „Спутник В“.

Кај вакцините е испитуван механизмот на дејство на секоја вакцина, добиената доза, бројот на лица тестирани за време на клиничките испитувања, ефикасноста на заштитата од хоспитализација и смрт и заштитата од тешка болест (која не бара хоспитализација), како и ефикасноста против полесни болести.

Најважна во табелата е колоната број 6 (обележана со жолто), кој според д-р Ганди покажува дека сите шест вакцини обезбедуваат 100% заштита од хоспитализација, односно смрт.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дневна статистика ковид-19: 9 нови хоспитализирани во Скопје, вкупно се 250

Next Post

Регулаторите одлучија: Бензините поскапи за 1,5 денар, а дизелот за еден денар

Реклама